Низ годините
Се започнува 1961 година.
Година за паметење.
Година кога во нашето мало градче се работеше со голем ендузијазам, нескротлива желба и упорност, за прозвучување на мајчиниот збор во училиштето. Училиштето, кое со прогласувањето од страна на Народиот одбор на собранието на општина Свети Николе на посебни седници на Општинскиот собор и Соборот на производителите одржан на 25.9.1961 година, донесе решение бр: 01-3296 за основање во град Свети Николе.
Во 1961 година се остварува долгогодишниот стремеж на сите светиниколчани и се отворија вратите за сите ученици кои сакаа да чекорат по патот на знаењаето и да го продолжат своето образование. Во 1963 година гимназијата го доби својот сопствен простор. Во 1981 година со спогодба на гимазијата и училиштето на квалификувани работници во земјоделието, се спојуваат двете училишта, со цел рационално искористување на наставниот кадар, менување на структурата на занимања и окрупнување на училиштето. Зголемувањето на на интересот кај учениците и зголемувањето на самиот број на учениците доведе до нов концепт на струки или занимања. Од овој концепт произлегоа Гимназија, Ветеринарна струка и Земјоделска струка. Спогодбата значеше ии промена на името на училиштето во „Јосип Броз Тито“, име кое беше во корелација со духот на времето.
Зголемениот број на ученици кои пристигнуваа од соседните и подалечните градови, иницираше изградба на ученички дом. Во 1982 е запишан ученичкиот дом во судски регистар како правно лице кое функционира во рамки на училиштето. на почетокот ученичкиот дом сместува повеке од 130 ученици во соби со 8-10 кревети.
Наставниот кадар осознавајки и пронаогајки се после осамостојувањето на државата, поднесе барање до Министерство за образование и наука во 1993 за преименување на училиштето во „Кочо Рацин“, име кое до ден денес го краси училиштето.
Прв наставнички колегиум
1 Милков Круме – Директор, Македонски јазик и литература, Руски јазик
2 Петров Јеленко – Историја, Латински јазик
3 Миланов Драган – Математика, Физика
4 Главинова Зоица – Хемија, Биологија
5 Григоров Сретен – Географија
6 Тодоров Гане – Државно уредување на ФНРЈ
7 Јовановски Русомир – Ликовно воспитание
8 Бицевски Трпе – Музичко воспитување
9 Петров Даце – Општо техничко образование
10 Крушевски Илија – Физичко воспитување
Досегашни директори
Милков Круме
Трајанов Никола
Трајчев Љубомир
Коцев Костадин
Ѓошевски Митре
Тасев Зоран
Ѓорѓиев Роберт
Трајкова Сонја
Михајлов Мијалче
Панев Ристе
Зафирова – Стоиловска Маринела
Донев Томо
Штериов Косто
Миленков Ванчо
Милошева Жаклина