Уписи
СОУ Кочо Рацин – Свети Николе врши упис на ученици во учебната 2021-2022
Во прва година ќе се запишат 229 ученици во 7 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за:
Гимназиско образование
– 102 ученици, 3 паралелки, 60 поени минимум мак 102 уч. 3 пар.
Земјоделско – ветеринарна струка
68 ученици, 2 паралелки
агротехничар / техничар за агроменаџмент
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 40 поени минимум
техничар за фитомедицина / техничар по ветеринарна медицина
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
Машинска струка
34 ученици, 1 паралелка –
машински техничар за моторни возила
мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
Хемиско – технолошка струка (Дуално образование)
25 ученици, 1 паралелка
прехранбен техничар
мак 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум
*(соработка со компании МИК Свети Николе ДОО Св. Николе, ЛИОН ДОО, Св.Николе, ХЕМИ ПРОМ ДОО С.Николе, Шиктарски ДООЕЛ С.Николе)
Учениците кои ке се запишат во паралелките од дуално образование ке добијат стипендија од 3000 денари месечно
Конкурсни рокови
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец
јуни.
Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот
до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период
од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од
запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00
часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од
страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021
година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот
до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и
слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.
Потребни документи
При пријавувањето, учениците ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
Повелете, ве очекуваме!