Земјоделско-ветеринарна струка
Струка/Сектор: Земјоделско-ветеринанра/Земјоделство, рибарство и ветеринарнство
Образовен профил/квалификација: Арготехничар/Техничар за агроменаџмент/Агротехничар за традиционално и органско производство
Образовен профил/квалификација: Техничар по фитомедицина/Техничар по ветеринарна медицина
Капацитети
За потребите на земјоделско ветеринарната струка, училиштето располага со опремени кабинети за практично изучување на секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство. Практичната настава се одвива во рамки на училиштето на сопствена економија, како и во рамки на компании со кои училиштето има договор за соработка.
Наставниот кадар од училиштето дава нескромен допринос во развојот на оваа струка. Доказ за тоа се одобрените учебници од страна на МОН кои се користат во самата струка, а изработени од нашиот наставен кадар.
1997 „Заразни болести“ – Димче Доневски
2007 „Органско Земјоделско производство“ – Игор Николов
2010 „Анатомија со физиологија на домашни животни“ – Владо Јованов и Тодорче Јованов
2010 „Хигиена и технологија на месо и млеко“ – Владо Јованов и Весна Коцева
2010 „Породилство со вештачко осеменување“ – Владо Јованов и Тодорче Јованов
2010 „Хигиена“ – Владо Јованов и Тодорче Јованов
2011 „Хирургија“ – Владо Јованов и Тодорче Јованов
2011 „Агрохемија“ – Игор Николов
2011 „Градинарско производство за трета година“ – Игор Николов
2011 „Градинарско производство за четврта година“ – Игор Николов
Историјат
Земјоделско-ветеринарната струка датира уште од формирањето на училишниот центар за средно насочено образование во 1981 година. Како потреба од земјоделско-ветеринарна струка изработен е елаборат од училиштето во кој се собрани мислења од сите земјоделски комбинати. Како одговор на овој елаборат произлегува Земјоделско-ветеринарната струка која опстои до ден денес во рамките на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.