Машинска струка
Превземи брошура за ученици од прва година машинска струка
Струка/Сектор: Машинска/Машинство
Образовен профил/квалификација: Машински техничар за моторни возила
Капацитети
За потребите на машинската струка, училиштето располага со опремени кабинети за практично изучување на секторот машинство. Практичната настава се одвива во рамки на училиштето, како и во рамки на компании со кои училиштето има договор за соработка.
Историјат
Машинската струка датира уште од формирањето на училишниот центар за средно насочено образование во 1981 година. Како потреба од машинска струка изработен е елаборат од училиштето во кој се собрани мислења од сите земјоделски комбинати и претпријатија кои се занимаваат со машинство. Како одговор на овој елаборат произлегува Машинската струка која опстои до ден денес во рамките на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.