Во периодот од 20 до 25 септември 2021 година , проектниот тим од нашето
училиште имаше можност да учествува на првиот официјален состанок во рамките
на Еразмус проектот ,, Дигитални училници “,кој се одржа во училиштето,,Karaman
Makbule Orman “ градот Караман ,Република Турција .
Главната цел на проектот беше запознавање со проектните тимови од останатите партнер
училишта од Турција ,Естонија ,Хрватска и Португалија .Мегудругото се водеше дискусија за
наредните активности во рамките на проектот ,како и размена на мегусебни искуства и
образовни практики .Наставниците од нашето училиште Зафирова Маринела ,Горан Мијалковски
и Кристијан Митевски ,имаа можност да учествуваат во интерактивни игри,работилници и
активности за градење на тимската работа , се во насока на усовршување на нивните
професионални и дигитални вештини .
Беше исклучителна чест и задоволство да се бидеме гостин на нашето партнер училиште во
Караман.Во наредниот период ,нашата наредна мобилност , предвидува вклучување на 30 тина
ученици од нашите партнер училиштата, кои преку неколкудневни работилници ке бидат
обучувани за користење на различни дигитални алатки . Овој процес ,недвосмислено ги докажува
нашите заложби ,како проектен тим и училиште ,да го држиме чекорот со современите
образовни потреби и трендови .