Хемиско-технолошка струка
Струка/Сектор: Хемија и технологија
Образовен профил/квалификација: Прехрамбен техничар
Карактеристики: Дуално образонавие со обезбедена месечна стипендија од 3000 мкд во траење од 10 месеци за секој запишан ученик
Капацитети
За потребите на хемиско технолошката струка, училиштето располага со опремени кабинети за практично изучување на секторот хемија и технологија. Практичната настава се одвива во рамки на училиштето на сопствена економија, како и во рамки на компании со кои училиштето има договор за соработка.
Историјат
Хемиско-технолошката струка е нова струка. Како потреба од хемиско технолошка струка изработен е елаборат од МОН во кој се собрани мислења од стопанственици во општината и регионот, каде се забележани нивните потреби од стручен кадар.. Како одговор на овој елаборат произлегува хемиско-технолошката струка која почнува да работи од учебната 2021/2022 во рамките на СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе.