Новости

Посета на Анталија

20220411_105539

Посета на Анталија

Обуката добива во динамика. Нашите ученици под ментроство на наставниците и менторите од ЗОО градината во Анталија во изминатата недела зедоа активно учество во секојдневните активности.

Групата предводена од Дамла и Бурџу активно учествуваше во хранење на лавовите, тигровите, мечките, мајмуните, орлите, змиите и други животни. Оваа група изврши и преместување на животни и формирање на нови тематски катчиња. Секако имаше и интервенции за лечење на болни животни.

Втората група на ученици асистираа на Мелек, Абла и вештите ветеринари хирурзи во ургентниот центар. Оваа група  учествуваше во оперативни зафати на животни: стерилизација на кучиња и мачки, санирање и шиење на рани, третирање на апсцеси, фиксирање на скршеници, аплицирање на антибиотици, давање на инфузија и постоперативен мониторинг.

Третата група пак во координација со Јунуз изврши хортикултурно уредување на една од цветните градини во зоолошката градина. Вештите раце на нашите ученици создадоа повеќе интересни декорации во градината, обликуваа патеки за движење, засадија цвеќиња. Сега градината е прекрасно место за одмор и релаксација на посетителите на зоолошката градина.

Прва недела, културни посети

Анталија е прекрасно место со богата историја, култура и пријатни луќе. Оваа недела имавме можност да се увериме дека се она што го знаевме за Анталија е малку. Анталија нуди многу повеќе. Успеавме да доловиме дел, а дел ќе се обидеме во наредниот период.

Водопади на реката Duden, која потекнува од карстнитe планински извори, на триесет километри од градот, каде што неколку извори се споени во еден поток, наречен Kyrkgezler.

Стар дел на градот Анталија со остатоците од византиската, римската и селџучката култура зборува за својата голема историска и цивилизациска вредност. Стариот дел на градот, Калечи, го има еден од најпознатите споменици во Анталија, Хадријановата капија.

Köprülü Kanyon е кањон и национален парк во провинцијата Анталија, Турција, на површина од 366 км2, длабок 400 m распосллан долж реката Köprü.

 

Обуката добива во динамика. Нашите ученици под ментроство на наставниците и менторите од ЗОО градината во Анталија во изминатата недела зедоа активно учество во секојдневните активности.

 

Втората група на ученици асистираа на Мелек, Абла и вештите ветеринари хирурзи во ургентниот центар. Оваа група  учествуваше во оперативни зафати на животни: стерилизација на кучиња и мачки, санирање и шиење на рани, третирање на апсцеси, фиксирање на скршеници, аплицирање на антибиотици, давање на инфузија и постоперативен мониторинг.

Групата предводена од Дамла и Бурџу активно учествуваше во хранење на лавовите, тигровите, мечките, мајмуните, орлите, змиите и други животни. Оваа група изврши и преместување на животни и формирање на нови тематски катчиња. Секако имаше и интервенции за лечење на болни животни. 

Третата група пак во координација со Јунуз изврши хортикултурно уредување на една од цветните градини во зоолошката градина. Вештите раце на нашите ученици создадоа повеќе интересни декорации во градината, обликуваа патеки за движење, засадија цвеќиња. Сега градината е прекрасно место за одмор и релаксација на посетителите на зоолошката градина. .