Новости

Обраќање на директорот на СОУ КОЧО РАЦИН Свети Николе по повод патрониот празник на училиштето

koco-racin-profesor_vance_milenkov

Обраќање на директорот на СОУ КОЧО РАЦИН Свети Николе по повод патрониот празник на училиштето

Обраќање на директорот на СОУ КОЧО РАЦИН Свети Николе по повод патрониот празник на училиштето

Превземи обраќање овде

За  нашата воспитно-образовна институција СОУ „Кочо Рацин“, 2021 година претставува година на голем јубилеј, зошто неговото име и неговата образовна мисија одбележуваат 60 години постоење. Денес го прославуваме овој голем јубилеј.

Токму овој јубилеј е момент на поврзување на минатото, сегашноста  но и иднината.

Денес славиме шест децении исполнети со многубројни успеси, преобразби, менувања, падови и воздигнувања.

Привилегија е денес да се раководи со ваква институција, но и голема одговорност. Горд сум што токму јас како директор на СОУ „Кочо Рацин“ имам чест да се обратам по повод овој 60 годишен јубилеј.

Училиштето за време на своето шест децениско постоење беше и é светлост која што ги осветлува оние кои се уверени дека образованието е нивен најдобар избор, нивна единствене, вистинска прилика која ќе и помогне да се оттргнат од темнината на незнаењето и со тоа да допринесат за својата светла иднина и подобар живот.

Во текот на своето постоење најголем број ученици ги имаат на најдобар начин прифатено училишните обврски и со своите врвни резултати во текот на образованието своите имиња ги имаат запишано со наjсветли букви кои остануваат трајни сведоци на едно време.

Сите оние кои во  СОУ “Кочо Рацин” стекнаа сеопфатно, квалитетно образование ја понесоа и неговата слава како во Македонија а можам да кажам и пошироко во светот.

Славата и значењето на ова училиште не се само изговорени зборови на пофалба на неговото постоење, туку тоа го докажуваат  генерации интелектуалци кои во нашата земја и во многу делови од светот ја пронашле својата животна оаза и покажале што знаат и умеат. Тоа се генерации за кој Рацин се бореше, преку своите стихови, да зачекорат по вистинскиот пат. Овие  се генерации  кои своето образование го стекнале во нашето училиште, личности кои оставиле длабоки траги во општествено-политичкиот,  културен и спортски живот во Македонија и насекаде низ светот а кои и понатаму допринесуваат за развој на својата средина и својата земја. Нивниот успех е и наш успех, бидејќи ние како наставен кадар и просветна институција сме им помогнале не само да стекнат знаења, туку сме влијаеле врз нивната личност и врз  целокупен развој отварајќи ги патиштата на нивниот успех. Токму во тоа се состои нашата вредност и големина.

Денес нашето училиште брои 28 паралелки со 360 ученици, распоредени во четири наставни струки: гимназиска, земјоделско- ветеринарна, машинска и хемиско-технолошка .

Учениците можат да избираат предмети кои сакаат да ги изучуваат, што создава можност да на најдобар начин ја искажат својата креативност и творечки дух.

Денес нашите училишни клупи се отворени за најдобрите основци, за оние кои сакаат да создадат квалитетна подлога за понатамошна надградба за да се запишат на високообразовните институции во земјата и во странство.

Секој нов период носи нови предизвици, трендови, новитети. Денес наставниот кадар е во чекор со модерните текови во воспитно- образовниот систем, новите технички методи  во наставата постојано се применуваатод страна на наставниците.  Нашата цел не се остварува само со стекнување на знаења на учениците, туку и практична примена на тие знаења за што имаме создадено услови преку развој на нашата училишна фарма. Нашето училиште е само за себе бренд во регионот и привлекува ученици и од други општини кои својата иднина ја започнуваат токму кај нас. За таквите ученици, со комплетно реновирање на ученичкиот дом оваа учебна година, обезбедуваме идеални услови со бесплатен престој и исхрана, со пристап на интернет и телевизија во секоја соба.

Иако бројот на учениците за споредба со претходните години е сепак намален, ние како креативно училиште овозможуваме отварање на нови наставни струки и профили. За прв пат оваа година воведуваме дуално образование и е отворен нов профил прехамбен техничар што нуди избор на учениците за стекнување на знаења со што ќе одговориме на потребите на бизнис заедницата во нашиот регион.

Преку реализираниот проект за “Винар-специјалист” влегуваме од наредната година како прво  средно училиште кое ќе воведе постсредно образование со V степен на квалификација во оваа област.

Денес нашето училиште е добро организирана,  кадровски екипирана, матријално-технички и просторно опремена воспитно-образовна институција со зајакнат кредибилитет во регионот и во државата.

На крај, кога ќе го подвлечеме 60 годишното постоење на нашето училиште согледуваме дека како во 1961 година така и денес мисијата на училиштето останува иста. Образованието е идеа која и понатаму води а желбата за стекнување на знаења на секоја генерација ја задоволува во хармонија со времето и можностите кои се создадени.

Воспитната функција е јасно дефинирана, ученикот е активен субјект во наставата, а почитување на личноста на ученикот и наставникот се  во  преден  план.

Сите ние сме дел од ова училиште за време на неговото постоење. На секој од нас кој на било каков начин е поврзан со него, ни припаѓаат одредени моменти на сеќавање, носталгија, радост и гордост што сме били или сме се уште дел од него.

Уверен сум дека уште многу сегашни и идни генерации со “своите моменти” ќе допринесат за негов уште поголем раст, развој и долго траење.

Нека ни е честит јубилејот!